9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

СТРАШНО! Ова е најголемото жариште на најопасниот корона сој Р1

Најголемото жариште на опасниот бразилски вид Р1, кое однесе десетици илјади животи во Бразил, се наоѓа во канадскиот скијачки центар Вистлер.

Одморалиштето се наоѓа во канадската провинција Британска Колумбија.
Според „Guardian“, покраинските власти морале да го затворат тоа одморалиште на крајот на март, кога сфатиле дека меѓу оние кои страдаат од коронавирус, има и такви со бразилски мутиран тип на COVID-19.

Додека канадските провинции соборуваат негативни рекорди во бројот на луѓе кои страдаат од корона, експертите се многу загрижени за опасното и брзо ширење на разни видови.

Од 877 потврдени случаи на вирус Р1, има скоро 200 заразени во Британска Колумбија, што го прави најголемото жариште на бразилскиот вид надвор од јужноамериканската земја, каде има повеќе од милион активни случаи, а бразилските власти велат дека околу 90 проценти од пациентите страдаат од P1-вирусот.

Се верува дека P1 е многу заразен и значително пофатален за помладите луѓе и има голема моќ да ги преинфектира луѓето кои биле заразени.

Претходните студии покажаа дека може да изврши повторна инфекција од 25 до 61 процент од луѓето кои поминале COVID-19, но вистинскиот број ќе се утврди само кога ќе се знае повеќе за типот бразилски мутант.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести