10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ПОСТОТ ТРАЕ: Меси не знае како со Реал, без Роналдо не е истиот

Во ривалството меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо уживавме со години, двајцата скоро вела деценија го оставаа без здив целиот свет.

Португалскиот стручњак во 2018 година одлучи да замине во Јувентус, оставајќи го „Ел Класико“ поразно, во исто време кога се пресели во Италија „исчезна“ и Лионел Меси.

Со вчерашниот пораз од Реал, аргентинскиот фудбалер нанижа дури седум мечеви во кои против „кралскиот“ тим нема постигнато гол, ниту пак асистирал. Поминаа пет првенствени мечеви и два во Купот.

Последниот гол против Реал Мадрид го постигна во мај 2018 година во ремито (2-2) во кое стрелец беше и Роналдо. Од оваа средба поминаа 567 минути кога Меси ја тресеше мрежата на најголемиот ривал.

Па токму затоа Лионел Меси не е оној истиот како од времето кога дресот на Реал го носеше Кристијано Роналдо.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести