6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ПЕПЕЛ ГО ПОКРИ КАРИБСКИОТ ОСТРОВ – Ерупција на вулкан го преплаши населението (ВИДЕО)

Островот Свети Винсент и Гренадините е покриен со пепел по силната ерупција на вулканот Софриере, поради што е наредена евакуација на илјадници жители на тој дел од Малите Антили.

Повеќе од 3.200 луѓе се засолниле во прифатните центри во училиштата и црквите, рече премиерот Ралф Гонзалвес.

  • Имаме многу работа да направиме, додаде тој, опишувајќи ги бројните предизвици што ги предизвикуваат вулканските ерупции: дебели слоеви пепел, нарушувања на водоснабдувањето, затворање на воздушниот простор, загадување на воздухот и ризик од грабеж во евакуираните области.
  • Ќе успееме, само ни треба трпеливост, им рече тој на своите сограѓани и повика на почитување на редот и дисциплината.

Првата ерупција се случи во петокот наутро, по што столбовите чад се издигнаа на 8 км во воздухот, а потоа следеше послаба. Отстранувањето на пепелта може да трае со денови или недели.

Вулканот Софриере не еруптирал од 1979 година. Најголемата и најразорната ерупција е регистрирана во 1902 година, кога починале повеќе од 1.000 луѓе.

  • Голема количина пепел паѓа и силниот мирис на сулфур достигнува до главниот град Кингстаун, соопшти локалната агенција за итни случаи, повикувајќи ги жителите со респираторни проблеми да не излегуваат надвор.

Во четвртокот, поради непосредна опасност од ерупција, властите издадоа наредба за итна евакуација од „црвените“, најекспонираните зони на северот на островот, каде живеат околу 20.000 луѓе од 100.000 жители во поранешната британска колонија.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести