14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Курц: Геополитиката не треба да се спроведува при набавка на вакцини

Преговорите за набавка на руската вакцина Спутник V се де факто завршени, објави австрискиот канцелар Себастијан Курц.

– Набавката за Австрија е можна, рече тој пред новинарите, додавајќи дека милион дополнителни дози на вакцина против коронавирус би значеле „дополнителен турбо“ процес на вакцинација.

Курц објави дека по кризата, има намера да го постави прашањето во рамките на ЕУ што требаше да се стори поинаку, така што Унијата ќе биде побрза и во набавката и во одобрувањето на вакцините, отколку што беа САД и Велика Британија.

Шефот на парламентарниот клуб на Народната партија на Австрија (ОВП), Август Вегингер, рече дека геополитиката не треба да се спроведува при набавка на вакцини.

Според него, Австрија треба да купи „се што е можно“, бидејќи во борбата против пандемијата е важно да се даде секоја достапна вакцина.

Тој посочи дека Австрија одамна испратила барање до Русија и дека сега и Германија и Франција го прават истото.

Вагингер посочи дека руската вакцина ќе биде анализирана, но дека Австрија не мора да чека за Европската агенција за лекови, туку да го спроведе самиот тест.

Анкетите за јавното мислење покажуваат дека 69 проценти од Австријците го поддржуваат купувањето на руската вакцина.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести