10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

129 сообраќајни прекршоци во Скопје, 31 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31, 6 санкции за возење без возачка дозвола, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила и една за недавање првенство на минување на пешаци.

Изречени се 4 санкции за користење мобилен телефон, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет санкции за возачи на мотоцикли и 46 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести