Младата и талентирана пејачка Лина Пејовска во 2014 година го освои жирито, но и публиката во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.
Подоцна, таа ја воодушеви и во хрватското шоу „РТЛ ѕвезди“, а во таа прилика се најде на сцената заедно со Нина Бадриќ, Петар Грашо.
Лина е миленик на македонската публика, но и во регионот и токму затоа беше изборот за гостин во четвртата емисија на “Лазаров Шоу”.
Стефан Лазаров повторно во свој стил спреми многу незгодни прашања, а како се снајде Лина не пропуштајте да погледнете во недела во 20:00 часот на јутјуб каналот на Лазаров.
Лина за прв пат откри многу приватни моменти, а токму една таква ситуација го остави водителот без зборови.
Дознајте кои се плановите на Лина за во иднина, кога нова песна, што мисли за македонската естрада и секако не пропуштајте да погледнете како се снајде во рубриката “Луто пиперче”.