14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

ЛУДИЛО: Девојка ќе се венча со двоен убиец – Не го ни запознала лично!

Девојка од Велика Британија планира да замине во САД со цел да се омажи за двоен убиец кого никогаш го нема видено и кој ќе остане во затвор до 2034 година.

Наоми Вајс (26) се заљубила во Виктор Оквенд (30), познат како Животно, откако станала ментор во затвор. Двајцата најпрво размениле писма, а потоа почнале да разговараат по телефон.

Преписката на крајот прераснала во романса што го запрепастило семејството на Наоми, особено кога таа ја прифатила неговата понуда за брак.

Тој има убиено двајца ривали во напад на банда и одлежал 10 од 24 години за злосторства што вклучуваат и три вооружени грабежи.

Сепак, Наоми инсистира на тоа дека тој не е „чудовиште, туку човечко суштество“.

– Виктор е најљубезниот човек што сум го сретнала. Луѓето можат да судат пред да ја знаат целата приказна, но не можам да го замислам мојот живот без него, рече Наоми, пренесува Мирор.

Невообичаената врска на далечина е исто така многу скапа – Наоми троши повеќе од 300 евра месечно на телефонски повици и писма, и често му испраќа пакети со храна.

Бидејќи Виктор има многу тетоважи на своето тело, Наоми исто така се „украсила“, па ги истетовирала неговите иницијали на нејзиниот зглоб, додека на ребрата го има неговиот потпис.

Наоми планира да замине во САД до летото и да го посети својот  вереник во затвор кога тоа  ќе го дозволат правилата воведени порадикороната.

Венчавката може да се одржи во затворот во септември.

По венчавката, Наоми сака да се пресели во Мичиген и да подготви сè за заеднички живот откако ќе излезе од затвор.

Според медиумите, Виктор може да биде ослободен најрано во 2034 година.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести