14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

КОЈ Е МИСТЕРИОЗНИОТ МЛАД МИЛИОНЕР ШТО ЈА ЌАРИ АНАСТАСИЈА РАЖНАТОВИЌ!? (фото)

Веста дека младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ (22) и нејзиниот избраник Ѓорѓе Кулиќ (31) се осмелиле да направат голем чекор во својата врска одекна во медиумите и јавноста, а се однесува на одлуката заедничкиот живот да го продолжат од Нови Сад во Белград.

Имено, во српската престолнина вљубените гулапчиња купиле скапоцен стан во близина на Калемегдан.

Младиот бизнисмен Ѓорѓе Кулиќ доаѓа од угледно новосадско семејство, татко му е исто така бизнисмен, а една од работите со кои се занимава Ѓорѓе е фирма за транспорт со камиони во Америка. За тоа поднебје го врзува образованието, имено, се школувал во Њујорк и во тоа време живеел со ќерката на Драган Стојковиќ Пикси, Ања Валенте, која изјави дека и денес се во пријателски односи.

Ѓорѓе е склон кон екстравагантни навики, луксузен живот и далечни патувања. Голем хедонист е, во што многу си одговара со сегашната избраничка. Љубовта меу него и ќерката на Цеца Ражнатовиќ се јавила на прв поглед, а многу брзо ја освоил и популарната пејачка, која го смета за идеален зет. За свадба се’ уште не зборуваат, иако новата преселба сугерира дека се творени за нови заеднички животни подвизи.

Читај Следно

10,347FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести