9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Дури 1.200 вработени во европска банка засекогаш ќе останат да работат од дома

Најголемата европска банка HSBC одлучи да префрли повеќе од 1.200 вработени во Британија на постојана работа од дома.

Според Ројтерс, ова е еден од најсилните индикатори за тоа како банките се прилагодуваат на промените во начинот на работа на вработените за време на пандемијата, како и на намалувањето на трошоците.

Околу 70 проценти од 1.800 вработени во кол центрите на банката со седиште во Англија, Велс и Шкотска пријавиле дека не сакаат никогаш да се вратат во канцелариите, изјави „Unite“, еден од најголемите британски синдикати.

Ваквите промени може да доведат до грижи за социјалната помош на долг рок, ако не се управуваат правилно, соопшти синдикатот.

  • Разговараме со колегите од контакт центарот кои им служат на клиентите во банката за начините на кои можеме да понудиме флексибилност на работното место, притоа осигурувајќи дека ќе се исполнат потребите на нашите клиенти. Овие дискусии продолжуваат, рече портпаролот на HSBC.

Според „Unite“, HSBC на вработените им понуди 300 фунти годишно (414,75 американски долари) како додаток за покривање на дополнителни трошоци, како што се сметки за греење и струја.

Една четвртина од вработените ја одбија понудата затоа што сакаа да работат во канцеларијата барем некое време, додека 5 проценти сакаа трајно да се вратат во канцелариите.

HSBC и другите британски банки почнаа да го намалуваат канцеларискиот простор, делумно поради тоа што вработените работат од дома, посочува Ројтерс.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести