10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

АЛИБАБА казнети со 2,8 милијарди долари

Кинескиот трговски гигант „Alibaba“ е казнет со 2,8 милијарди долари за монополен бизнис.

Кинеските власти ја засилуваат контролата над технолошките компании, бидејќи, според АП, кинеското политичко раководство е загрижено за доминацијата на најголемите онлајн компании кои се шират на финансискиот пазар, во областа на медицинските услуги и во другите витални индустрии.

Компанијата е казнета за „злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот“ со цел да ги ограничи активностите на своите конкуренти кои работат преку платформата „Alibaba“.

Државната служба за контрола на бизнисот објави дека „Alibaba“ го попречува „слободниот проток на стоки“, поради што е изречена висока казна од 69,5 милијарди долари, што е еднакво на четири проценти од вкупниот приход остварен во 2019 година.

  • „Alibaba“ искрено ја прифаќа казната и во иднина ќе постапува во согласност со законот, се вели во соопштението на компанијата.

Основачот и сопственик на „Alibaba“, Џек Ма, еден од најбогатите Кинези, привремено исчезна од јавноста, откако тој го критикуваше кинескиот закон во своето обраќање во ноември минатата година.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести