6.8 C
Skopje
среда, март 27, 2024

НОВ СКАНДАЛ НА НАЈГОЛЕМИОТ СПОРТСКИ ИЗМАМНИК

Светот беше фасциниран од достигнувањата на Ленс Армстронг, а потоа беше откриено дека тој ги постигнал најголеми подвизи благодарение на допинг.

На крајот на дваесеттиот и почетокот на 21 век, тој доминираше на патиштата, тој беше симбол на велосипедизмот и еден од најголемите спортски херои, не само заради спортските резултати, туку и заради бајката за еден човек кој го победи ракот и стана најдобриот спортист на планетата.

Сепак, сето тоа падна во вода во моментот кога тој призна дека користел недозволени супстанции. Од херој на планетата, тој стана најомразената личност во светот преку ноќ и најголемиот измамник во историјата на спортот.

Сега тој повторно е во центарот на скандал! Овој пат, благодарение на неговиот син Лук, кој е обвинет за силување.

Скандалот што се случил пред три години, адвокатите на семејството Армстронг се обидуваат да го оправдаат како средношколска љубов, објавија тамошните медиуми.

Сепак, доказите не го поддржуваат Лук, кој во март 2018 година, според жртвата, силувал 16-годишно девојче во семејна куќа. Тој е постар од жртвата две години, што е еден од главните адути на одбраната, но тоа не е крај на приказната.

Додека адвокатите на Лук повикуваат на тинејџерска убов, девојчето кое пријавило насилство пред околу половина година тврди дека не се сеќава дека возела од забавата до куќата, како и остатокот од вечерта. Таа се разбудила следниот ден во непозната просторија и наскоро сфатила што се случило во текот на ноќта.

Според законите на Тексас, сојузната држава во која живеат, луѓето на возраст под 17 години не се доволно возрасни за да имаат сексуални односи.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести