3.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

ИМА ОСЕТ ЗА БИЗНИС! КАНИЕ ВЕСТ ГО ПРОДАДЕ СВОЈОТ ДОКУМЕНТАРЕЦ НА НЕТФЛИКС ЗА 30 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Најпопуларниот стриминг сервис „Netflix“ искешира повеќе од 30 милиони долари со цел да го купи документарецот што за себе го снимил контроверзниот рапер Кание Вест, пренесува „Billboard“.

Својата приказна Кание ќе ја раскаже во новиот документарец кој е снимен на 21-годишна возраст и содржи никогаш невидени снимки од раната кариера и приватниот живот на раперот.

Документарецот ќе прикаже детали од почетокот на неговата кариера во Чикаго, но и најтешкиот период во неговиот живот кога ја изгуби мајка си, сè до кариерата во модната индустрија и претседателската кандидатура во 2020 година.

Сè уште не е познато дали документарецот ќе прикаже детали за неговиот нервен слом во 2016 година, поради што тој беше хоспитализиран во Лос Анџелес некое време, како и детали за разводот со сопругата Ким, кој е моментален.

Досега неименуваниот документарец треба да биде прикажан премиерно на „Netflix“ подоцна оваа година.

Да потсетиме, минатиот месец „Bloomberg“ процени дека Кание е „тежок“ околу 6,6 милијарди долари, пред се заснована на неговиот успешен бренд „Yeezy“, кој вреди меѓу 3,2 и 4,7 милијарди долари. Раперот има и 122 милиони долари во готовина и акции, а од неговата музичка кариера има заработено околу 110 милиони долари.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести