11 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Јунајтед на Погба ќе му понуди рекорден договор!

Се чини дека Манчестер Јунајтед дава се од себе да го задржи својот централен играч за врска, Пол Погба, во своите редови. Раководството на клубот има намера деновиве да му понуди рекорден договор на Французинот и тој да стане најплатениот играч не само во тимот туку и во цела Премиер-лига.

Сумата засега е тајна, но информациите велат дека истата ќе биде и повеќе од фантастична. Имено актуелниот договор на Погба е со важност до 2022 година, познат е интересот на Јувентус и Барселона за Погба, но „ѓаволите“ нејќат ни да чујат дека би можеле да останат без својот играч за врска.

Познато е дека пред извесно време почетните преговори беа стопирани од страна на Погба, но новата сума веројатно ќе го натера да ги продолжи истите со Ед Вудворд, првиот човек на Манчестер Јунајтед.

Значи се е во парите.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести