7 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Премиерот Зоран Заев најави 300.000 вакцини до крајот на месец април

Премиерот Зоран Заев најави 300.000 вакцини до крајот на месец април, тој тоа го изјави на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашање, додавајќи дека ќе има уште донации од Србија.

Заев рече дека ќе стигнат дози на руската вакцина „Спутник В“, и дополнителни вакцини како донација од соседна Србија, на што премиерот повторно се заблагодари за солидарноста и поддршката.

Во однос на економските мерки пораки рестрикциите тој рече дека државата ќе помогне на  економски оператори кои овие две недели ќе бидат затворени заради третиот бран на корона кризата ќе бидат опфатени со нови мерки.

 Во моментов, приоритет е здравјето и заштита на здравјето на граѓаните. За сите настанати штети во економијата како и досега државата ќе излезе во пресрет. За нас во Владата секое вбризгување на пари за помош на стопанството, на работниците, на нивната ликвидност, на потрошувачката ни враќа во Буџетот пари. Предвидено е да се покријат процент од приходите остварени во првите три месеци годинава во форма на директна помош – рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој нагласи дека како и во вонредната состојба, угостителските објекти кои вршат достава може да продолжат да го прават тоа и по полицискиот час со соодветни дозволи за движење.

Дополнително во текот на денот може да продаваат храна и пијалаци од шалтер, тејк-веј или ту-гоу без послужување во самите локали. Ова секако ќе овозможи за поголемиот дел од нив да продолжат делумно да работат – посочи премиерот.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести