5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

НЕВЕРОЈАТНО: Стрип со Супермен продаден за 3,25 милиони долари

Реткото издание на стрип во кое првпат се појави Супермен е продаден за рекордни 3,25 милиони долари.

Така, изданието на првата серија на магазинот „Action Comics“, чија цена беше 10 центи кога се појави во 1938 година, стана највредниот стрип во историјата.

Стрипот ја следи приказната за потеклото на Супермен и се смета за почеток на жанрот суперхерои, пренесува BBC.

Се верува дека има само околу 100 копии од вакви стрипови во светот.

Според интернет-аукциската куќа „ComicConnect.com“, оваа копија била скриена во колекцијата филмски списанија од 30-тите години на минатиот век.

Продавачот, кој го поседуваше стрипот само три години, заработи милион долари на него, а анонимниот купувач е „релативно нов во истражувањето стрипови“, се вели во соопштението.

Друга копија на истиот стрип беше продаден во 2014 година преку eBay за 3,2 милиони долари.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести