14 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Мисајловски: Фалсификат македонски пасош добил и Валид Иса Хмаис, преку кој италијанската мафија ги перела парите од трговијата со кокаин

Прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ:

Почитувани,

Мафијата си доби своја држава !!!

Аферата„ Мафија“ на владата на Зоран Заев покажува дека државни структури дале логистика на сериозни нарко картели, мафијаши од балкански, европски и светски карактер.

Значи од она што до сега беше објавено и изнесено од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа легални пасоши и патни документи со украдени или лажни идентитети и тоа за припадници и водачи на црногорско – српскиот Шкаљарски клан, на еден од водачите на турската мафија, на албански нарко картели.

Но ова не е крајот.

Денес ќе ви презентираме и нови документи доставени од свиркач до ВМРО-ДПМНЕ. Дали македонски пасош издаден од МВР на Спасовски и Заев имал и еден од главните соработници на италијанската мафија?

Валид Иса Хмаис кој важи за главниот перач на пари од трговијата со кокаин на италијанската нарко мафија на 09.01.2019 година во Скопје во регуларна постапка се сликал во управните служби на МВР, а потоа и го подигнал македонскиот пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Вурмо Таќо роден 1965-тата година.

Дали е ова вистина или како што нарекуваат од СДСМ само перцепција?

Валид од 2017-та година е во бегство во повеќе држави во светот, а по добивање на македонскиот пасош на име Таќо Вурмо, два пати во месец јануари 2019-та година го искористил македонскиот пасош и преку аеродром Петровец заминал за Турција.

Според последните информации објавени во италијанските медиуми наводно се наоѓа на островската држава Маврвициус.

Македонија станала Колумбија на Балканот.

Не смее оваа афера да заврши со одговорност само на службеници. 

За аферата „Мафија“ морале да знаат и одговорните лица во МВР и Владата.

Зашто нема никаква потерница по овие лица кои добиле легален македонски пасош со скриен или лажен идентитет?

Мафијаши од ваков калибар влегувале во македонската полиција да се сликаат, и сакаат сега од владата на Заев и Спасовски да не уверат дека ниту еден полициски службеник не приметил дека станува збор за исклучително опасни луѓе?

Зашто МВР нема истрага за тоа дали отворале банкарски сметки?

Зашто и по инсистирање на партнерските безбедносни служби Спасовски и МВР не превземале ништо за санкционирање на овој скандал и афера?

Овие мафијаши плаќале пари за издавање на овие пасоши, каде завршиле тие пари?

Едно е јасно, мафијата и власта биле едно исто. И затоа мора да има одговорност.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести