5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Де Брујне и официјално во Сити до 2025 година

Кевин Де Брујне и Манчестер Сити ставија крај на сите шпекулации околу иднината на белгиецот во клубот.

Предмалку е официјализирана новата соработка со која еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата се обврзува на верност кон клубот до 2025 година.

Де Брујне е член на Манчестер Сити од 2015 година кога пристигна од германски Волфсбург и оттогаш не само што е еден од најдобрите фудбалери на „Итихад“ туку се вбројува во најдоброто на неговата позиција во цела Европа.

Досега во дресот на Сити одигра 255 мечеви и забележа 65 гола и 105 асистенции.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести