5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ШОКАНТНА ОДЛУКА НА КЕТИ ПЕРИ – ФАНОВИТЕ ВО НЕВЕРУВАЊЕ!

Пејачката Кети Пери одлучила дека бричењето на нозете по раѓањето на бебето повеќе не е на нејзината листа на приоритети.

Во неделната епизода на „Американски идол“, каде што е членка на жирито, ѝ рекла на натпреварувачката Касандра Колман нешто што шокирало многумина:

– Вашиот глас е духовно искуство. Тој е од друг свет, тој е ангелски. Како новопечена мајка, немам многу време, па престанав да ги бричам нозете. Но, кога пееше, влакната на моите нозе се кренаа за пет сантиметри. Чувствував трнење по целото тело! Беше неверојатно – рече Кети Пери.

Пејачката дури и на своите колеги во жирито им ги покажа влакната, ставајќи ги нозете на масата среде емисијата.

Пејачката подоцна на Твитер објавила анимирана слика со влакнести нозе и напишала:

„Реалниот поглед на моите нозе кога ќе ја слушнам Касандра како пее“, се пошегувала Пери на своја сметка.

„Зошто ова мораше да го каже на телевизија?“, „Во ред, симпатична си ми, немој да претеруваш“, „Зарем ова мораме да го знаеме?“, „Таа мисли дека ова е кул?“, се само неколку од многуте коментари за признанието на Кети Пери.

Пејачката признала дека да се биде мајка е најдобрата работа на светот, но дека кога ќе станете мајка, сите други работи стануваат помалку важни.

– Мислам дека почнуваш да сфаќаш некои работи кога ќе станеш мајка… Едноставно мораш да се фокусираш на тоа да бидеш мајка. И тоа, не е затоа што не ги сакаш другите луѓе, туку едноставно затоа што сакаш да бидеш добар родител – објаснила пејачката.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести