5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Средба на Бектеши со првата амбасадорка на Грузија во Северна Македонија Лилуашвили: Постои многу голем потенцијал за економска соработка меѓу двете земји

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работна средба со новоименувана амбасадорка на Грузија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Тамуна Лилуашвили.

Министерот Бектеши и посака успешна мисија на амбасадорката Лилуашвили со надежи за продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји.

Северна Македонија и Грузија воспоставија дипломатски односи во 2019 година, што значи дека има огромен простор за зголемување на економската соработка меѓу двете земји, посебно кај трговската размена каде што потенцијалите од двете страни се многу големи.

Министерот потенцираше дека во постковид периодот, верува дека  двете земји кои имаат голема традиција, ќе ја продлабочат соработката во доменот пред се на туризмот што ќе придонесе за поблиско меѓусебно запознавање на граѓаните од двете земји.

На средбата беше констатирано дека во наредниот период заеднички засилено ќе работат за подобрување на соработката меѓу двете земји и создавање на бизнис партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Грузија.

Двајцата заеднички заклучија дека во иднина ќе работат на подобрување на економските односи меѓу двете земји пред се преку склучување на договори за економска соработка

живи, ништо не ги пере Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од бесрамниот обид да саботираат полициска акција за да спасат криминалци

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести