5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Србија планира до крајот на јуни да вакцинира 50-60 проценти од населението

Д-р Мирсад Ѓерлек, државен секретар во Министерството за здравство  на Србија, вели дека планот на државата е да ревакцинира 50-60 проценти од граѓаните до крајот на јуни.

„Досега скоро 20 проценти од возрасните граѓани се ревакцинирани, а планот е 40 проценти да ја примат првата доза до крајот на април. 3,5 милиони вакцини се веќе набавени, а во април ќе добиеме скоро два милиони нови дози”, изјави тој за весникот Курир.

„Можеме да бидеме оптимисти и да кажеме дека ќе се обидеме да ревакацинираме 50-60 проценти од населението до крајот на јуни. Ако сè оди добро, можеби ќе ја завршиме целата работа до крајот на јуни“, вели Ѓeрлек.

Тој истакнува дека Србија презеде многу мудри и одговорни потези од самиот почеток, што, како што рече, ја смести државата на самиот врв на европското и светското скалило во борбата против коронавирусот

!Имаме силна волја, сите здравствени работници даваат се од себе на терен. Ние ќе продолжиме да ја спроведуваме кампањата и ќе одиме на најоддалечените места во Србија. Што се однесува до точките за вакцинација и самата организација, Министерството за здравство е целосно подготвено да ги дистрибуираме сите вакцини што ги примаме што е можно поскоро“ заврши Ѓерлек

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести