10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Северна Кореја тврди дека не е регистриран ниту еден случај на Ковид-19

Северна Кореја тврди дека не е регистриран ниту еден случај на Ковид-19, за што постои големо сомневање со оглед на слабата здравствена инфраструктура и порозната граница со Кина.

Според Северна Кореја, 732 лица биле тестирани од 26 март до 1 април.

Во последниот извештај до Светската здравствена организација (СЗО) земјата соопшти дека нема случаи на зараза со Ковид-19 и оти сè уште совршено успева да го спречи вирусот да влезе во земјата.

На почетокот на пандемијата пред повеќе од една година, изолираната држава ги опиша своите напори да спречи влегување на вирусот „како прашање на национално преживување“.

Пјонгјанг ги затвори границите, забрани доаѓање на туристи, а странските дипломати ја напуштија земјата. Северна Кореја продолжува строго да го ограничува прекуграничниот сообраќај и стави во карантин десетици илјади луѓе кои имале симптоми на заразата.

Едвин Салвадор, претставник на Светската здравствена организација во Северна Кореја, информира дека земјата пријавила оти тестирала 23.121 лице за коронавирусот од почетокот на пандемијата до 1 април и оти сите резултати биле негативни.

Официјални претставници на СЗО изјавија дека Северна Кореја повеќе не ја известува агенцијата на ОН за бројот на луѓе што ги става во карантин со сомнителни симптоми.

Северна Кореја вчера соопшти дека ќе ги прескокне Олимписките летни игри во Токио со цел да ги заштити спортистите од светската здравствена криза предизвикана од Ковид-19.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести