10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

Превентивни активности на СВР Скопје „Играта на зборови може да повреди”

Oдделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со Црвен крст – Општинска организација Кисела Вода, започна со реализација на проектот, финансиски поддржан од Фондот за развој на проекти при Црвен крст на Република Северна Македонија, насловен како – „Играта на зборови може да повреди”.
Целта на овој проект што до крајот на оваа учебна година ќе биде спроведуван во основните училишта на подрачјето на општините Кисела Вода, Аеродром, Сопиште и Студеничани е превенција и намалување на случаите на „сајбер булинг“ (вербално-психолошко насилство меѓу младата популација при користење на социјалните мрежи), а со едукација и зголемување на јавната свест за сериозноста на овој облик на девијантно поведение. Целна група ќе бидат учениците од седмите, осмите и деветтите одделенија, а веќе се реализирани активности во основните училишта „Партение Зографски“ и „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода.    
Практично во првата фаза од проектот, конципирани се онлајн превентивни активности, односно едукативно-информативни работилници двапати неделно, при што учениците со наставникот/членот од стручната служба, едукацијата ќе ја следат преку веќе воспоставени on-line meeting конекции од страна на училиштето, каде сите ученици од тоа училиште ќе се приклучат заедно.
Во втората фаза од проектот, пак, предвидено е да отпочне со работа Канцеларијата за психосоцијална поддршка на жртви од „сајбер булинг“, каде жртвите може да побараат помош во Канцеларијата лоцирана во зградата на Црвен крст на Град Скопје, (на телефонскиот број 071/30 30 11 или на електронската адреса [email protected]).
Инаку, во текот на минатата година Одделението за превенција при СВР Скопје, во соработка со полициските станици од општа надлежност на подрачјето на Секторот за внатрешни работи реализираше низа превентивни активности, пред сѐ, посветени на младите и нивна заштита и едукацијата по однос на разните социо-девијантни и криминогени појави. Така, преку проектот „Безбедност во училиштата“ низ 30 едукативни работилници беа опфатени 15 основни училишта во Скопје, каде беа формирани и Клубови за превенција во кои партиципираат и ученици, а пак, во седум училишта на подрачјето на општина Центар беа формирани и Тимови за безбедност.  
Исто така, се реализираше и континуираниот проект „За безбеден град“, каде фокус беа средношколците, пред сѐ учениците од прва и втора година од средните училишта во Скопје, а пак, во соработка со Агенција за млади и спорт, со Град Скопје – Сектор за образование, беше реализирана кампањата „Насилството раѓа насилство – сопри го, не го разгорувај“ .

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести