10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ПОТРЕС ВО ХОЛИВУД: УАПСЕН ПОЗНАТ ХОЛИВУДСКИ АКТЕР, ОСОМНИЧЕН ЗА МУЛТИМИЛИОНСКА ИЗМАМА!

Агентите на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) го уапсија актерот Зак Ејвори затоа што наводно смислил шема со која измамил инвеститори за неколку стотици милиони долари, соопштија денес властите.

Во соопштението се вели дека Ејвори им рекол на инвеститорите дека неговата компанија „1MM“ ќе ги купи правата за дистрибуција на филмови и лиценци од компаниите „Netflix“ и „HBO“, но во реалноста тој не бил во деловни односи со ниту една од овие компании.

Во соопштението од канцеларијата на јавниот обвинител на Централна Калифорнија се вели дека тој наместо тоа ја водел компанијата како пирамидална шема и ги искористил парите од инвеститорите.

Тој ја искористи оваа шема за да земе повеќе од 690 милиони долари. Министерството за правда наведува дека измамата започнала во 2015 година и дека сега треба да исплати 227 милиони долари што му ги дале „жртвите“.

Тој наводно ги искористил парите за луксузен живот, како на пример одење во Лас Вегас, купување куќа во вредност од шест милиони долари и плаќање на познат дизајнер.

Тој е обвинет за измама и може да се соочи со 20 години затвор доколку биде осуден. Вистинското име на Ејвори е Закари Хорвиц.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести