4 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

НАЈГЛУПАВИОТ КРАДЕЦ: Провалил во куќа да краде, па прилегнал да одмори – Полицијата го пробудила

Полицаец од Тајланд не морал да оди далеку за да најде крадец кој се обидел да ја ограби неговата куќа, бидејќи крадецот заспал во една од спалните соби.

Сакда Јеампрасерт се разбудил среде ноќ од звукот на клима уредот кој што доаѓал доаѓаше од собата на неговата ќерка. Иако во обичен ден, ова не можело да го натера да стане од кревет, неговата ќерка не била дома неколку дена.

На негово изненадување, тој влегол во нејзината соба и во нејзиниот кревет затекнал провалник..

Осомничениот Атит Кин Кун Туд наводно влегол во куќата со намера да провали, но се уморил. Ја вклучил климата и дремнал кратко.  Иако не украл ништо, Туд сепак е обвинет за упад.

Полицијата извести дека крадецот за време на испрашувањето рекол дека бил премногу уморен и решил да одмори.

Според нив, тој не станува збор за професионален крадец, туку човек кој натрупал долгови па тргнал во потрага по пари.

Ова не е прв ваков случај.  Во септември 2020 година, 21-годишен маж кој провалил во дом во индиската населба Источен Годавари заспал под креветот на човекот којшто се обидувал да го ограби.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести