6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Двајца обвинети за насилство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица за кривично дело – Насилство согласно член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

На 20 февруари, во просториите на угостителски објект на булеварот „Илинден“, малтретирале, грубо навредиле и им ја загрозиле сигурноста на двајца оштетени, а кај останатите гости во локалот предизвикале чувство на вознемиреност, загрозување и страв. Меѓу оштетените и обвинетите настанала вербална расправија, а двајцата обвинети на возраст од 19 и 27 години ги нападнале оштетените со тупаници, нанесувајќи им телесни повреди. Едниот обвинет, дополнително револтиран од телефонски разговор кој во тој момент го водела една гостинка во објектот – сведок на настанот, продолжил и неа грубо да ја навредува и агресивно да се однесува, кршејќи го инвентарот во локалот и мобилниот телефон на гостинката.

Поради опасност од бегство, можност обвинетиот и натаму да ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои упатуваат на можност да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд достави и предлог со кој побара продолжување на мерката куќен притвор за првиот обвинет. За вториот обвинет, пак, од истите причини, побарано е продолжување на претходно определената мерка притвор​.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести