11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Вакцинирање на правдата против измислените предмети

Додека целата држава се бори со пандемијата и последиците од Ковид 19, судството се бори со праксата Јавното обвинителство да прогласува виновници без аргументи кои потоа би биле казнети само заради впечатокот кој го креирала медиумската машинерија.

Засиленото вакцинирање е едно од главните оружја на властите во борбата со Ковид 19, а објективното и непристрасно ценење на доказите мора да биде имунизацијата на правдата против „фалс“ конструкциите на обвинителството.

Случајот „Трезор“ во целост го разголе начинот на кој што работеше СЈО сега веќе распуштено заради рекет и криминал.

Уште кон крајот на 2016 година, СЈО излезе со тврдење дека имаат сомненија за спорна набавка на опрема за тогашната УБК.

Тие конструираа случај врз основа на тврдењата дека со набавка на опремата била направена материјална штета, заради тоа што таа не била купена директно од производителот, туку преку друга фирма.

За да добие некаква логика целата конструкција, СЈО тврдеше дека обвинетите биле во Велика Британија и таму прво ја договориле зделката, а потоа дале наредба на одговорните во МВР да ја реализираат набавката.

Со завршувањето на главната расправа целата конструкција на СЈО падна во вода.

Прво и основно, ЈО не успеа да најде ниту едно вешто лице од областа на економијата кое ќе им потврди дека навистина е направена штета врз буџетот. За рубриката „верувале или не“ е фактот дека тврдат во обвинението дека постои штета, а не изнесуваат ниту еден доказ или вештачење во прилог на тоа тврдење.

Напротив, одбраната ангажира вешти лица кои го тврдат сосем спротивното, односно дека не постои никаква противзаконска корист или штета од набавката.

Дополнително, британската компанија производител потврдува дека ја авторизирала фирмата преку која оди набавката како нејзин застапник за територијата на Македонија. Според нив не станува збор за никакви нестандардни дејствија, туку за вообичаена политика на компанијата.

Со тоа практично МВР и немало друг начин како да ја набави опремата освен преку овластениот застапник. Тоа е начинот на кој што впрочем работат и сите големи корпорации. Доколку сакате да набавите одредена количина „Пепси“ или „Кока Кола“, вие не се обраќате до корпорациите во САД. Дури и да се обратите, тие ќе ве упатат на нивните овластени дистрибутери во земјата од која потекнувате.

Немањето утврдена финансиска штета и застапништвото на фирмата која го склучува договорот во име на производителот, ја уриваат основната теза на обвинението по која паѓаат и останатите.

Како што соопшти одбраната и во одговорот добиен по истрагата спроведена со меѓународна правна помош, британскиот Хоум Офис (МВР) пишува дека британската компанија немала контакти со Сашо Мијалков и останатите обвинети пред да биде склучен договорот. Јасно и концизно објаснуваат дека нема никаков доказ за наводното патување на обвинетите во Британија пред да биде склучен договорот.

Со тоа паѓа во вода и втората теза на обвинението дека Мијалков ја злоупотребил службената положба и овластувањата патувајќи за Британија каде наводно ја договарал зделката.

Третата теза за наводното влијание на Мијалков врз процедурата, ја урива токму сведокот на ЈО Ѓоко Поповски, тогаш помошник на министерот за внатрешни работи, задолжен за јавните набавки. Тој под заклетва тврди дека немал јавување, притисоци или наредби од Мијалков и со тоа ги демантира наводите во обвинението.

Практично сите три претпоставки на ЈО не само што не се потврдени со истрагата, туку истите се најостро демантирани како лажна и неоснована конструкција, која повеќе имала цел да ја занимава јавноста, отколку да докаже какви било дејствија спротивно на законот.

Судството и правдата во Македонија се борат со растечката недоверба и слабиот рејтинг. Најдобра вакцина за застанување на судството на цврсти нозе е интегритетот на судиите кој се гради преку отфрлање на притисоците на ЈО кое преку медиумите , без докази се обидува да ги гради своите приказни. Анализата на доказите и аргументите во постапката се алатите кои му стојат на располагање на судијата за носење на правична пресуда.

Одбраната е убедена дека сите докази се спротивни на тврдењата на обвинителството и дека судот нема да има тешка задача при носењето на ослободителна пресуда доколку се ценат аргументите изведени на главната расправа.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести