11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Вистинскиот „Волк“ од Wall Street по затворот, повторно е магнет за згодни девојки (фото)

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо една од своите најдобри улоги ја оствари во хит филмот „The Walf оf Wall Street“ во кој што ја толкувал улогата на Џордан Белфорт кој што на само 26 години станал милионер заработувајќи илјадници долари во само една минута и така десет години подоцна завршил во затвор поради измама со акции.

Приказната за неговиот лик и дело на филмското платно ја пренесе режисерот Мартин Скорсезе, а славниот измамник го толкуваше Леонардо, па поради тоа дополнително го популаризираше.

А, каде е денес и што прави „волкот“ од Wall Street?

Џордан денес има 58 години и работи како мотивациски говорник, напишал дури три книги за својот живот, од кои една адаптирана во филмот.

Една од главните теми на неговите популарни предавања за кои се бара карта повеќе е разликата меѓу, амбициите и страста на Wall Street.

Кога не предава и не ги исплаќа милионските долгови на своите поранешни клиенти кои ги лажел, Џордан ужива во животот, барем доколку судиме по фотографиите од Мајами.

Тој таму бил „уловен“ во друштво на убавици во минијатурни костими за капење кои што го опкружиле и кои со него правеле селфи фотографии, а кои што очигледно се негови обожавателки.

Џордан на плажата бил со својата партнерка Кристин со која што е во врска по двата пропаднати брака.

Тој денес признава дека направил низа грешки во минатото и дека жали поради сите измами кои што ги направил, воглавно под дејство на тешки дроги.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести