4 C
Skopje
петок, април 16, 2021
spot_img

ПАНДЕМИЈАТА УДРИ ПО ЏЕБОТ НА ЅВЕЗДИТЕ: Еве кој се продава луксузен имот, од сумите се врти во глава (видео)

Кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусите не поминува покрај светските везди. Доста голем број светски познати личности ги продаваат своите вили и имоти, што се толкува како нивен начин да се реши недостатокот на заработка.

Том Круз е на списокот на оние кои го продадоа својот имот. Актерот повеќе не поседува имот од 320 хектари во Телурид, Колорадо, откако го продаде за 39,5 милиони долари.

Имотот има вила со седум спални соби и девет бањи, местото каде што Том Круз беше интервјуиран од Опра Винфри во 2008 година. Во поранешниот дом, актерот беше домаќин и на новинарите на „Venity Fair“ и по тој повод им покажа фотографии од неговата ќерка Сури, која ја доби со поранешната сопруга Кети Холмс.

Фејт Хил и Тим Мегро го продадоа островот од 20 хектари, кој официјално се најде на пазарот од февруари, за вртоглави 35 милиони долари. Островот се наоѓа на Егсуми на Бахамите. Двојката во 2003 година купи имот, наречен „L’île d’Anges“, кој го нарекуваат и Гот Кеј, а пред четири години нивниот дом беше прикажан екслузивно во емисијата „Architectural Digest“. Двајцата тогаш изјавија дека имотот на Бахамите била само мала колиба кога го купиле. Потоа, за него изградија осум павилјони во 2012 година. Сега станува збор за дом од 6.517 квадратни метри со апартмани со четири спални соби, пет бањи и опсерваторија, сите поврзани со покриени чардаци и премини од речиси 5.000 квадратни метри.

Во јануари Мет Дејмон објави дека ја продава резиденција во областа Пацифик Палисадес за 21 милион долари. Куќата од 13.508 квадратни метри се наоѓа во една од најпосакуваните улици во областа, и има седум спални и 10 бањи. Се шири на површина од повеќе од половина хектар, домот е опкружен со бујно зеленило и е еден од најголемите имот во омилената област на американските sвезди.

Памела Андерсон е една од ти која на почетокот на март ја стави вилата на продажба, која има четири спални и четири бањи. Актерката бара 14,9 милиони долари, а во таа куќа живее повеќе од две децении. Според „Los Angeles Times“, Памела ја купила куќата за 1,8 милиони долари во 2000 година, а најпрво се обидела да ја продаде во 2013 година, барајќи 7,75 милиони долари. И откако во јануари тајно се омажи за својот телохранител Дан Хејхурст, таа реши да се врати во Канада каде ќе живее со нејзиниот нов сопруг на поранешниот имот на нејзината баба на островот Ванкувер.

На списокот има и еден пар. На почетокот на јануари, Жизел Бундшен и Том Брејди конечно ја продадоа вилата во близина на Бостон за 32,5 милиони откако куќата беше на пазарот повеќе од една година. Славната двојка продаде имот од 12.112 квадратни метри за 39,5 милиони долари од август 2019 година.

Станува збор за вила со шест спални и седум бањи, а имотот има и визба за вино, теретана, спа центар, сауна и простор за медитација, пансион и две кујни.
Многумина се убедени дека двајцата немаат никакви финансиски проблеми и дека продажбата на имотот се должи на нивното селење од Масачусец на Флорида поради новиот ангажман на Брејди.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести