10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

НАУКАТА ДОКАЖА: Подебелите жени раѓаат интелигентни деца – еве зошто

Во споредба со женките на другите цицачи, жените имаат поголем процент на телесни масти за околу 30 проценти. Ова долго ги интригирало научниците и се чини дека професорот Вил Ласек од Универзитетот во Питсбург конечно ја реши мистеријата.

Имено, маснотиите присутни во задникот и бутовите на жените помагаат во развојот на мозокот на нивните идни деца.

  • Потребни се многу маснотии за развој на нервниот систем, а маснотиите што се наоѓаат во овие зони содржат докозахексаенонска киселина (DHA), што е примарна структурна компонента на човечкиот церебрален мозочен кортекс – објасни Ласек.
  • Се чини дека жените еволуирале за да ги соберат овие добри маснотии пред да пристигне бебето, рече тој, додавајќи дека 80 проценти од DHA што му требаат на бебето од маснотиите што ги има акумулирано нејзината мајка од половината надолу.

Преносот се јавува првенствено за време на доењето.

  • Затоа жените брзо губат телесната тежина додека дојат дете – истакна Ласек.

За Дејвид Бејнбриџ, биолог на универзитетот Кембриџ, повеќе од јасно е дека жените со нагласени облини раѓаат поинтелигентни деца.

Несвесно, од памтивек, мажите биле повеќе склони кон такви жени затоа што нивните деца биле посилни и попаметни и со тоа имале поголеми шанси да преживеат.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести