10 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ХАОС ВО СЕВЕРНА ИРСКА: Демонстрантите ја нападнаа полицијата со молотови коктели (видео)

Маскирани демонстранти палеле автомобили и фрлале молотови коктели кон полициските возила за време на протестот минатиот викенд во Белфаст. Тие се спротивставуваат на трговските бариери што се воведени меѓу Северна Ирска и остатокот од Велика Британија, кои се појавија како резултат на Брегзит.

Немирите се случија во делови од градот каде живеат приврзаници на унијата со Велика Британија, а локалните медиуми јавуваат дека на протестите учествувале и деца на возраст од 12 до 18 години.

Полицијата соопшти дека кон полицајците биле фрлани молотови коктели и камења на патот Дангивен, каде демонстрантите исто така поставија блокади, пренесува „Irish Times“.

Безредија беа забележани во многу делови на Белфаст, а синоќа беа фрлени 50 молотови коктели кон полицијата во Њутаунеби, кои полицијата ги окарактеризира како „оркестриран напад“.

Повеќе од 30 полицајци беа повредени за време на протестот во петокот, кои беа нападнати со камења и метални шипки.

Северна Ирска е длабоко поделена, дури 23 години по мировниот договор со кој се стави крај на тридеценискиот конфликт.

Католичкиот дел од населението сака да се обедини со Ирска, додека протестантите се за останување во заедничка држава со Велика Британија, која ја напушти Европската унија на крајот на минатата година.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести