11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

САМО ЕДНА ОД ПЕТ ТИПА ЖЕНИ Е ИДЕАЛНА ЗА МАЖИТЕ

Иако се вели дека се припаднички на понежниот пол, што иницира дека нивната „работа“ е само да бидат убави, жените се многу повеќе од тоа. Жената  не е само фигура со заводлив изглед, туку и енергија со која ја освојува.

Не е невообичаено жените што се помалку привлечни на прв поглед да имаат живот исполнет со љубов отколку оние кои вложиле многу во својот физички изглед. Ќе дознаете зошто е тоа така кога ќе видите кои се петте типа жени и секоја од нив победува на различни начини.

Господарка

Таа е самосвесна, успешна во својата работа и независна. Се чини дека мажот е излишен на нејзиниот животен пат, но вистината е дека потребата за интимност не поминува на ниту едно човечко суштество, па дури ни кај оваа „ледена кралица“. Иако нејзината амбиција во кариерата ги надминува вообичаените норми, иста е и на емотивно ниво. Ваква жена сака со цело срце и силно.

Таа нема време за стратегии и тактики, па затоа не е голем играч во романтичните врски – ја чека вистинската и смета дека го заслужува најдоброто.

Ексцентрична

Оваа жена никогаш не расте. Таа е забавна и омилена во друштвото.  Нејзината насмевка плени, а шармот и е неодолив. Ваквите жени се фатални за мажите, иако не оставаат впечаток дека може да се потпрат на нив во секое време и тоа е нивниот најголем недостаток.

Но, тие немаат конкуренција за забава.

Скромна и лојална

Жена каква која можете да посакате. Таа е првиот избор на мажи кои сакаат семејство. Таа е тивка, скромна и посветена. Сепак, поради нејзината не толку отворена природа, нејзините чувства се тешко разбирливи.

Таа никогаш не се жали, па иако многумина ја сакаат за животен партнер, таа помалку копнее по блискост.

Страствени

Нејзината страсна природа ја тера постојано да се движи. Потребата за социјален живот е само средство да се приближи до неговата сродна душа по која е во постојана потрага. Оваа жена вложува многу во својот физички изглед и често се случува да се најде пред пластичен хирург.

Исто така, фитнесот е нејзиното омилено место за престој, и поради фактот што таа ја доведува својата фигура до совршенство, и поради можноста да го запознае својот мачо-мажјак.

Алфа жена

Доаѓаме до идеалната жена која има елементи од сите видови опишани погоре. Успешна е во бизнисот, толку многу што јасно ги поставува границите помеѓу кариерата и реалниот живот. Таа е одличен хедонист и чувствува со сите свои сетила. Има изразена социјална интелигенција, па затоа знае кога да „нападне“, и кога е време да се повлече, што никогаш не значи капитулација.

Има силно чувство на емпатија, а моралните принципи се длабоко вкоренети во нејзиниот карактер. Од друга страна, нејзината страсна природа и дава харизма што ги остава мажите без здив.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести