8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

НЕ БАРАЛЕ ВЕШТАЦИ ЗА ДА НЕ ИМ ПАДНЕ ОБВИНЕНИЕТО! СЈО утврдило дека Мијалков не договарал купување опрема во Лондон

Обвинителот не предложил изготвување на вешт наод и мислење-вештачење не зашто сакал да направи пропуст во постапката, туку затоа што бил свесен и знаел дека доколку предложи вештачење тоа би го обврзало воопшто да не поведе истрага а камоли да поднесе обвинение, рече адвокатот на Мијалков.

Василев ги побива наводите на Обвинителството дека Мијалков лично бил во Лондон, Велика Британија, каде преговарал со претставници на ГАМА и договарал набавка на опрема од оваа компанија.

Тој се повика на извештајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кое преку меѓународна правна помош побарало од Министерството за внатрешни работи на Велика Британија да изврши распит врз претставниците на компанијата ГАМА, кои наводно преговарале и ја договориле набавката или имале врска со извршената набавка на опремата „фин фишер“. По извршените распити на претставниците на ГАМА, изготвен е извештај во кој тие јасно потврдиле дека Сашо Мијалков ниту бил, ниту остварил каква било средба, а камоли да преговара и договори набавка на опрема.

– Со ова се потврдува дека не постои доказ дека и на било каков друг начин, маил, вибер, скајп, имало некаква коресподенција, ниту пак дека е преговарано и договорена набавка на опрема со Сашо Мијалков – рече Василев.

Според одбраната, во обвинението неосновано се тврди дека откако Мијалков се вратил од тоа патување му наложил на помошник министерот Ѓоко Поповски набавката на опремата да ја изврши преку правното лице „Финзи“. Адвокатот Василев наведе дека при распитот на сведокот Ѓоко Поповски се потврдило дека таквите тврдења на обвинителството се неточни.

– Сведокот не го потврди таквото тврдење на СЈО и напротив, на конкретното прашање на јавниот обвинител поставено на Ѓоко Поповски, цитирам „Кажа на почетокот дека Финзи му била непозната фирма, дали може да се сети кој му даде препорака дека преку оваа фирма ќе се набави опремата која ја барале, конкретно мислам на овој договор што сега му е предочен на сведокот од 2010 година“ завршен цитат. Сведокот одговори, цитирам… „Мислам дека веќе сум одговорил 2010 година е, кој, кога и како, не можам точно да се сетам, кој ми даде препорака дека преку оваа фирма Финзи ќе се набави опремата предмет на овој договор“, завршен цитат – рече Василев истакнувајќи дека тоа е наведено во последниот пасус на страница 10 од исказот на сведокот, внесен во записник од 18.03.2018 година.

Адвокатот Василев истакна дека нема основа тврдењето на Обвинителството дека наместо набавката да ја направат директно, тие ја направиле преку „Финзи“ и со тоа „Финзи“ направило разлика во цена што била на штета на државата.

– Прво, УБК не прави набавки. Второ, набавките ги прави посебен сектор кој е директно под министерот и Мијалков немал никакви ингеренци. Комисијата од тој сектор која ја правела набвката, не можела да оди директно затоа што „Финзи“ имала договор со ГАМА за ексклузивно застапништво и морала да се обрати до „Финзи“. А и да оди директно, не значи дека ќе било поевтино, туку ќе било и поскапо, што потврдуваат и вештаците, поради трошоци кои се на дневна основа, а кои би биле многу поскапи ако биле наплаќани од Англичаните, што е докажано со вештачење. Морале да се обратат до „Финзи“ бидејќи тоа правно лице било единствено кое можело да ја нуди и продава опремата, да обезбеди сервис, и што е поважно гаранција за опремата, како и да овозможи поддршка за нејзино непречено и континуирано функционирање. Овој непобитен факт произлегува од договорот за ексклузивно застапништво кое производителот ГАМА и генералниот застапник и дистрибутер „Финзи“ го имале потпишано за територијата на Република Македонија. Кога ова небулозно тврдење на обвинителството би било точно, што секако не е, не би постоел ниту еден буџетски корисник во РМ, кој извршил набавка од некој ексклузивен застапник, дилер, дистрибутер во РМ а не директно од производителот (Mercedes, Volkswagen, Hewlett Packard, Sony, Samsung и други) кој со таквата набавка, а ги има безброј на дневна основа, не би нанел штета на буџетот на РМ што е тотален апсурд и груба конструкција – рече Василев.

Тој наведе и дека обвинителот не предложил изготвување на вешт наод и мислење-вештачење не зашто сакал да направи пропуст во постапката, туку затоа што бил свесен и знаел дека доколку предложи вештачење тоа би го обврзало воопшто да не поведе истрага а камоли обвинение.

– Ова се потврди со вештиот наод и мислење изготвено од техничките советници на одбраната, кои потврдија и од економски и од технички аспект дека со набавка на опремата преку застапникот „Финзи“ на било каков начин не е предизвикана штета на буџетот. Тоа мислење дополнително го утврди и фактот дека колку што направила разлика толку направила и трошок, односно дека не се направила разлика во цена. Трошокот направен само за тој проект, вештакот го докажа со фактури за секое поединечно плаќање, каде и колку се вршело. Вештакот докажа дека по ниеден друг основ (дивидени и сл.) не е изваден ниту денар, освен за трошоци (плати и други трошоци) што би можело да биде индиција дека се извадени пари за некого од фирмата или за некој друг. Без вештачење од стручно лице не може да се докаже штета, барем не во домашната ниту во европската судска пракса – додаде адвокатот Василев при завршните зборови за случајот „Трезор“.

Во случајот „Трезор“ обвинети се Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Стајковиќ, и поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски. Тројца се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања, а Тони Јакимовски за помагање.

Plusinfo.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести