10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Андреа Пирло: Јувентус стана премногу предвидлив

Не му е лесно на тимот на Јувентус во моментов, а уште помалку на неговиот тренер Андреа Пирло. Клубот е далеку од трката за титулата, а вчера едвај се извади од пораз против Торино во дербито кое благодарение на Кристијано Роналдо завршпи 2:2. По мечот Пирло изјави дека впрочем Јувентус самиот си ги создава сите проблеми на терен и дека станал премногу предвидлив тим.

„Играчите треба да разберат дека не смеат да губат концентрација ниту за секунда, бидејќи во моментот кога ќе ја изгубиме топката, тие нè казнуваат. Кога играте против екипи кои се бранат, тешко е да се најде слободен простор за напад. За ова, треба да бараме игра по крило и да се обидеме да создадеме ширина, да отвориме простор. Оваа тактика се обидуваме да ја примениме против екипи со пет дефанзивци. Јувентус губи многу бодови оваа сезона“ – прокоментира Пирло.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести