7 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

ХАОС! Сопругата на Вил Смит после 20 години брак призна: Ме привлекуваа жени..

Џејда Пикет Смит, која е омажена за популарниот глумец Вил Смит, и нејзината ќерка Вилов раскажале дека двете имале соништа за жените, но дека досега немале врска со ниедна.

Глумицата Џејда Пикет Смит (49) и нејзината ќерка Вилов (20) признале дека ги привлекуваат жени. За сето тоа се огласиле во посебна емисија на Фејсбук која гја водела мајката на Џејда, Адријана Банфилд-Норис (67).

“Сакам да бидам опкружена со жени, но никогаш со нив не би можела во романтична смисла да се поврзам. Сепак, никогаш не се знае. Двапати досега ме привлекле жени во сексуална смисла, а тоа беше многу одамна, кога имав 20 години“, раскажала глумицата.

На тоа се надоврзала и нејзината ќерка Вилов.

“Се сеќаван дека во неколку наврати помислив колку некои девојки се преубави. Никогаш не сум била вљубена во девојка, Но не ја исклучувам можноста дека тоа би можело да се случи бидејќи порано ме привлекуваа“, заклучила Вилов.

Инаку, Џејда и Вил Смит имале бројни проблеми во бракот, а минатата година глумицата на сопругот му признала дека го изневерувала со 28. годишниот пејач Августин Алсином пред пет години. Светските медиуми минатата година редовно пишувале за љубовни афери во кои се нашле сопружниците, но сето тоа го надминале и понатаму се заедно.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести