9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

СТРАШНО: Славниот рапер итно хоспитализиран поради предозираност – ЛЕКАРИТЕ СЕ БОРАТ ЗА ЖИВОТОТ (фото)

Познатиот рапер Ерл Симонс, попознат како DMX (50), се наоѓа во критична состојба, откако наводно се предозирал.

DMX наводно се предозирал во петокот на 2 април, а странските медиуми пишуваат дека предозирањето предизвикало срцев удар по што раперот бил итно хоспитализиран.

Извор изјави за TMZ дека DMX покажал „одредена активност на мозокот“, но бил во „вегетативна состојба“.

Раперот има историја на зависност и со години се наоѓа на рехабилитација. Музичарот отворено зборуваше за зависноста од крек, за која рече дека започнала кога имал само 14 години. Тој се пријавил во центарот за зависности во 2019 година, поради што откажал низа емисии. Кога дознале дека DMX е во сериозна состојба, многу познати личности на социјалните мрежи истакнуваат дека се молат за него и за закрепнување.
DMX е една од најголемите рап sвезди што се појавила во текот на 90-тите години на минатиот век.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести