5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

КАКО ВО ХОРОР ФИЛМОВИТЕ! КЕНДАЛ ЏЕНЕР МЕТА НА МАНИЈАК ОД ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА – ПЛАНИРАЛ ДА ЈА УБИЕ (фото)

Американската манекенка и ријалити sвезда Кендал Џенер (25) неодамна беше известена дека манијакот Малик Букер планира да ја убие.

Имено, тој наводно рекол дека планира да купи нелегално оружје и да пука во Кендал, а потоа да се самоубие, според судските документи до кои дојде „TMZ“.

Потоа Кендал откри дека немала „врска“ со оној човек кој „никогаш не го запознала“. Џенер тврдеше дека таа е „особено преплашена бидејќи тој патувал низ целата земја со единствена цел да ја убие“.

Чувствувајќи се „сериозно емотивно вознемирена и исплашена“, Кендал истакна дека таа исто така „се плаши дека манијакот ќе ја најде и ќе ја повреди или убие кога ќе биде пуштен од болница“, пренесуваат странските медиуми.

Човекот во моментов е во привремен притвор во психијатриска болница, но може да биде ослободен во секое време.

Според еден службеник на полициската станица во Лос Анџелес, Марк наводно имал намера „да го убие моделот затоа што, според него, не ја користи правилно својата јавна платформа“.

Заради мерката за забрана, мажот мора да биде наоддалеченост од 100 метри од Кендал и нејзиниот дом, сè до сослушувањето на 20 април 2021 година.

Да потсетиме, Џенер пред неколку месеци побара трајна забрана за пристап на Канаѓанка која беше уапсена трипати за неовластено влегување во нејзиниот имот и истата забрана ја доби.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести