9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Екс-играч на Порто и Интер уапсен поради семејно насилство

Поранешниот фудбалер на Порто и на Интер, Фреди Гуарин е уапсен во Колумбија, пренесува „Блу Радио Колумбија“. Полицијата пристигнала во домот на колумбискиот репрезентативец откако била повикана од член на фамилијата на фудбалерот. Гуарин го нападнал татко му притоа се пресметал и со другите членови на фамилијата, а полицијата успеала да стигне навреме и да го приведе.

Од полицијата соопштија дека Гуарин бил под дејство на наркотици кога бил уапсен.

Гуарин беше двоен шампион на Португалија со Порто еднаш освојувач на Лига Европа, а моментално е играч на Милонариос од Богота.

Тој играше и за Бока Јуниорс и за кинески Шангај Шенхуа.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести