14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Дибала се извини, но Јувентус e под притисок да ги суспендира

Вестон Мекени, Артур и Пауло Дибала ќе добијат суспензија од Јувентус, откако се најдоа на столбот на срамот поради присуство на забава во момент кога целиот град Торино е практично во карантин.

Додека англискиот сој на коронавирусот пустоши во Торино, во куќата на Мекени била организирана забава на која присуствуваа 10 лица, вклучувајќи ги и неговите соиграчи Пауло Дибала и Артур. Сите беа казнети со по 400 евра, но непослушното трио чека можна суспензија од клубот под голем притисок на јавноста.

Сигурно е дека Артур нема да игра на следниот меч поради повреда, а останува дали Дибала и Мекени ќе бидат во тимот. Дибала денеска излезе со извинување во јавноста.

„Знам дека во таков тежок момент поради пандемијата на коронавирусот ширум светот, не смееме да правиме вакви грешки, но погрешив што останав на вечерата. Не беше забава, но сепак погрешив“, рече Дибала.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести