9 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА ВО СРБИЈА СЕ АПСАТ АНТИВАКСЕРИ КОИ ШИРЕЛЕ СТРАВ И ПАНИКА

Во Србија полицијата денеска по налог на обвинителството спроведе акција за апсење на група антиваксери кои ширеле страв и паника помеѓу народот.

Во акцијата е уапсена Јована Стојковиќ, антиваксер и претседател на движењето „Живеам за Србија“, под сомнение дека сторила кривично дело предизвикување паника и нереди.

Покрај неа приведени се и пет лица.

Највлијателни во ова српско движење се докторите, а на 20 март беше одржан протест за укинување на рестриктивните мерки во Србија.

Рано утрово, полицијата со налог за претрес од обвинителството дошла пред вратата на докторката, позната како водач на лобито за анти-вакцинација во Србија. Стојковиќ ги пренесуваше пребарувањето, дискусијата и навредите кон полицијата во живо на социјалните мрежи, а по претресот беше приведена.

– Во тек е голема акција и пет лица се приведени за лажни тврдења за вакцинација – неофицијално беше потврдено за „Блиц“ од обвинителството.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести