5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Белгиската полиција денес употреби солзавец и водени топови за да растера илјадници млади луѓе собрани во паркот во Брисел (ВИДЕО)

Белгиската полиција денес употреби солзавец и водени топови за да растера илјадници млади луѓе собрани во паркот во Брисел на забава и покрај заклучувањето, а настанот започна како првоаприлска шега на Facebook.

Околу 2.000 луѓе се појавија на крајот од топлиот и сончев ден за да присуствуваат на „Ла Бум“ (забава) во паркот Боа де ла Камбре, соопшти локалната полиција, иако организаторите неколку дена претходно открија дека нивниот повик на социјалните мрежи е шега.

Локалните медиуми проценуваат дека имало околу 5.000 собрани.

Стотици полицајци, многумина во опрема за разбивање демонстрации, а некои и на коњи, ги растераа младите кои се забавуваа покрај езерото во паркот, со помош на камиони со водени топови и солзавец.

Ројтерс пренесува дека најмалку двајца цивили биле повредени во судирите, вклучувајќи и една жена која била соборена од полициски коњ.

Портпарол на полицијата изјави дека тројца полицајци се повредени, а четири лица се уапсени.

Многу млади кренаа тупаници во воздух и скандираа „слобода“, а некои фрлаа шишиња и камења кон полициските камиони.

  • Сите сме депресивни. За две недели ќе наполнам 18 години, сакаме да ја искористиме својата младост, рече средношколката Амели, која дојде на забавата.
  • Не дојдовме да ја иритираме полицијата, туку да покажеме дека и ние имаме живот и сакаме да уживаме во него, додаде таа за Ројтерс.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести