14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

ЦЕЛ СВЕТ СЕ ДИГНА НА НОЗЕ! РАПЕР ПРОМОВИРАШЕ ПАТИКИ НА “САТАНАТА” направени од ЧОВЕЧКА КРВ (фото/видео)

Американскиот рапер Монтеро Хил, попознат како Lil Nas X, беше во центарот на вниманието на светската јавност затоа што учествуваше во дизајнирањето на таканаречените „сатански патики“, за што Nike реши да го тужи уметничкиот колектив MSCHF, со кој музичар соработуваше на овој контроверзен проект.

Раперот има 22 години, а неверојатен успех постигна со неговиот прв кантри рап сингл „Old Town Road“, што е дует со Били Реј Сајрус.

Оваа песна беше на првото место на официјалните списоци во повеќето земји во светот, додека во неговата татковина песната беше на самиот врв цели 19 недели, што досега ниту една песна во историјата не успеала да го направи.

Lil Nas X пред две години откри дека е хомосексуалец и со тоа позитивно изненади многумина, а во емисијата со познатата водителка Елен Деџенерис откри дека е вистинско време да се направи нешто такво.

  • Моите најблиски дознаа дека сум хомосексуалец неколку недели пред да му откријам на целиот свет. Нема потреба да лажам за тоа, рече тој, што ја воодушеви Елен, која се прогласи за член на LGBTQ заедницата пред дваесет години.

MSCHF во понеделникот објави 666 пара патики во соработка со раперот Lil Nas X и вели дека се распродадени за помалку од една минута, пренесува ВВС. Лансирањето се совпаѓа со објавувањето на спотот за новата песна на Lil Nas X „Montero (Call Me By Your Name)“, во која раперот оди „од рајот во пеколот“ во „сатански патики“.

Направени се исто како „на сатаната“ – украсени се со превртен крст, пентаграм, натпис „Лука 10:18“ (упатување на библискиот стих: „Тој им рече: видов дека Сатана паѓа како молња од небото“) , број 666, но исто така препознатлив знак „Nike“ затоа што се направени со употреба на модифицирани „Nike Air Max 97“. Компанијата има проблем со тоа.

Тие велат дека не ги одобриле сатанските патики и бараат од судот да запре продажбата на MSCHF и да ги спречи да го користат знакот.

  • Патиките може да предизвикаат конфузија и да создадат погрешна врска помеѓу производите на MSCHF и Nike. Всушност, веќе постојат докази за тоа, вклучително и повици за бојкот на Nike, се наведува во тужбата.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести