10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Премиерот Заев и министерот Филипче за новата донација вакцини „Спутник В“: Обезбеден е континуитетот на процесот на вакцинација со можност за проширување на групите кои ќе бидат опфатени со имунизацијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, денеска ја прифатија пратката на првите 20.000 вакцини „Спутник В“ од компонентата 1 од вкупно 40-те илјади, кои како донација од Република Србија ги договорија владите на двете земји. Втората пратка од 20.000 „Спутник В“ вакцини од компoнентата 2, ќе бидат испорачани во наредниот период.

Во изјавата за медиумите за овој настан премиерот Заев искажа благодарност за втората донација од Република Србија како многу важен чекор за да продолжи континуитетот на масовната вакцинација.

„Република Србија помогна со првите 8.000 вакцини од „Фајзер“ за да можеме да ги вакцинираме нашите херои, лекарите и медицинските сестри кои работат директно во Ковид центрите. Сега кога почна масовната вакцинaција во нашата земја и со 24.000 вакцини од „АстраЗенека“ од КОВАКС системот, којшто започна вчера, за да не прекине динамиката и континуитетот на вакцинирање, овие два пати по 20.000 вакцини се навистина драгоцени, и јас уште еднаш ја изразувам нашата благодарност до претседателот на Србија Вучиќ и премиерката Брнабиќ“, истакна претседателот на Владата Заев.

Премиерот Заев додаде дека покрај сите здравствени домови во државата, во кои почна масовната вакцинација, подготвена е и салата „Борис Трајковски“ и се подготвуваат други објекти за да тече без прекин имунизацијата.

„Она коешто е исто така значајно и претставува моја должност и обврска да испратам порака до сите наши граѓани да влезат комплетно во системот на масовна вакцинација. Јас како претседател на Владата се пријавив во механизмот за онлајн пријавување за вакцинација. Владата и министрите го направија истото тоа апелирам до граѓаните и тие да се пријават.

Вакцините се здрави, проверени, меѓународно тестирани и навистина колку побрзо заврши процесот на имунизација толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател пандемијата од КОВИД-19“, нагласи премиерот Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче потенцираше дека оваа нова количина од вакцините ќе биде вклучена во веќе започнатиот процес на масовна вакцинација против КОВИД-19, ќе го обезбеди континуитетот, и ќе ги прошири групите кои ќе бидат опфатени согласно Националниот план за имунизација.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести