6 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Преку 100 години затвор за бандата која се обиде да ги ограби Озил и Колашинац

Вооружана банда се обиде да ги ограби Месут Озил и Сеад Колашинац среде бел ден. На двајцата фудбалери им се заканија со нож и палка, но Колашинац не се исплаши успеа да ги спречи во нивната намера.

Лондонската полиција брзо ги најде членовите на оваа банда, сите уапсени во периодот од 2019 до 2020 година ги играбувале граѓаните на Лондон. Истите завршија на суд, на крајот заедно добија преку 100 години затвор.

Најлошо помина човекот кој се метална палка тргна кон Колашинац, тој веќе има казна од шест години затвор, а сега доби дополнителни 18 години.

И останатиот дел од оваа екипа доби долгогодишна затворска казна, од осум години па нагоре.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести