7 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против 15 лица кои се гонат за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Во издвоени кривично-правни настани во периодот од 10-29 март, обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час. Имено, спротивно на определената забрана за движење во периодот од 22 до 05 часот, тие без дозвола се движеле на различни локации во градот.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетите да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што поединечната висина на дневната глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​​

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести