„Кој нема да се вакцинира, нема да добие леб“ е еден од насловите на весниците од 1914 година во Кралството Србија за време на епидемијата на тифус.
Во споменатата вест се вели е извршена задолжителна вакцинација на граѓаните од двата пола од пет до четириесет и пет години, во Чуприја.
Општината преку проглас ги предупредила граѓаните за потребата од вакцинација, но отишла и чекор подалеку.
Имено, општината одлучила да не дава леб на ниту едно домаќинство доколку здравствената книшка не е заверена со потврда за вакцинација.
Епидемијата во Србија во 1914 и 1915 година е една од најтешките во оваа област, бидејќи во исто време се појавиле три типа на тифус – повратен, абдоминален и пегав тифус. Овие чуми се појавиле како пропратен ефект на војната, како последица на вонредната состојба во која се најде Србија во првите години од Големата војна.
