6 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Зголемување на бројот на заболени со Ковид-19 е регистрирано во март споредено со февруари во тетовскиот регион

Зголемување на бројот на заболени со Ковид-19 е регистрирано во март споредено со февруари во тетовскиот регион, покажуваат податоците на Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје. Во март се регистрирани 867 заболени, во февруари 379, а во јануари 352.

Во моментот активно болни се водат 611 луѓе. Во текот на март поради Ковид-19 починале 21 пациент од тетовскиот регион на возраст од 41 до 74 години. Покрај 867 лица кои биле дијагностицирани со Ковид-19, како оздравени се евидентирани 526 луѓе.

Доктор Светлана Трифуновска, координатор на матичните лекари во Тетово вели дека од друга страна се поголема е заинтересираност за имунизацијата како втор начин на намалување на опасноста од заразување со Ковид-19 покрај веќе познатите мерки за заштита.

-Свесноста на луѓето многу порасна периодов. Видоа дека се промени вирулентноста на вирусот, дека се промени патогеноста, дека се менуваат соеви на вирусот, брзата заразност, многу починати. Расте свеста и јасно е сите дека нема друг избор освен имунизација односно вакцинација. Мора да се оди на тие две мерки, внимавање, миење раце, маски и дистанца како и втората мерка имунизацијата, изјави д-р Трифуновска.

Во тетовскиот регион од почетокот на пандемијата вкупно 6329 лица биле дијагностицирани со Ковид-19. Вкупно починале 239 луѓе. Ноември 2020 година останува како месец кога имало најмногу 1632 заболени од Ковид-19.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести