5 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

Во Сараево забележани се долги редови пред погребалните претпријатија поради зголемен број на починати од ковид 19

Во Сараево забележани се долги редови пред погребалните претпријатија поради зголемен број на починати од ковид 19.

Епидемиолошката ситуација во БиХ се влошува, болниците се преполни, се наоѓаат дополнителни простории и објекти за сместување на пациенти позитивни на коронавирус.

Гробари, кои работат без застој, упатиле апел дека “губат снага“, пренесува порталот Аваз.
Во едно претпријатие за овој портал велат дека работа има премногу. Се се одвива брзо, по утврдена шема, толку што присутните не стигнуваат да мислат и на морничавиот призор кој е очигледен.

Паралелно со пораст на бројот на заболени, за жл расте и бројот на умрени. Од почеток на март до вчера во едно претпријатие кое дава погребални услуги евидентирало 640 починати како последица на корона вирус.

Генералниот директор на КЈКП “Покоп“ Горан Цериќ рекол дека Сараево го потресуваат секојдневно тажни призори од редици пред погребалните претпријатија.

“Здравствениот сектор е на крај со снага и тоа е она што на сите им е познато. Морам да признаам дека и ние во “Покоп“ секојдневно се соочуваме со многу тешки и потресни ситуации и призори. Ние сме оној дел од приказната која не се споменува, а која е исто така, константно и долго време е изложен на притисок од оваа пандемија и притисокот е огромен од сите страни“, рекол Цериќ.

Тој наведува дека работниците секојдневно се изложени на зарази, а дизинфекција се прави после секој, дури и кога стапката на смртност била многу пониска“, закчучил Цериќ.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести