10 C
Skopje
вторник, април 13, 2021
spot_img

ВНИМАВАЈТЕ ШТО ОБЈАВУВАТЕ НА ИНТЕРНЕТ – МОЖЕ ДА ОСТАНЕТЕ БЕЗ РАБОТА!

Ако мислите дека вашите објави  на интернет на останатите социјални мрежи се не влијаат на вашата професија се лажете. Тие можат да ви донесат работа, но и да ви ја одземат.

На интервју за работа важно е каков впечаток ќе оставите, но покрај тоа важно е и какви објави објавувате на социјалните мрежи.

Многу луѓе мислат дека профилите на социјалните мрежи се приватна работа и дека работодавачот нема што да бара на нив. Вистината е дека ова е можеби најдобриот начин тој да ве запознае и да разбере дали сте вистинската личност за работата.

Какви грешки прават луѓето на социјалните мрежи и поради кои работодавците не сакаат да ги вработуваат, откри Елиза Киркбај, регионален директор на Хејс.

Несоодветната содржина е првата ставка што никој работодавец нема да ја толерира. Ова вклучува објави и коментари кои се расистички, сексистички, говор на омраза, порнографски или слично.

Исто така, пречесто објавување на кој било вид содржина може негативно да влијае на формирањето на вашата слика кај работодавачот. Според Елиза, честата употреба на социјални мрежи и објавувањето содржина на нив може да го одвлече вниманието од работата.

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои често објавуваат содржина на социјалните мрежи се всушност несреќни. Потребно им е дополнително внимание, многу често се осамени и на тој начин го компензираат она што им треба – потврда од другите дека вредат како личности.

Погрешните информации на вашиот профил се исто така една од грешките што луѓето ги прават кога станува збор за социјалните мрежи. Важно е да ги наведете вистинските информации и вашите претходни работни места на кои навистина сте работеле.

И на крај, објавувањето несоодветни фотографии е дефинитивно содржина што не е добро да се објавува на социјалните мрежи. Работодавачот не сака да гледа таков вид на содржина, заклучи Елиза Киркбај.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести