10 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

УЕФА: Пет замени ќе има и на ЕУРО 2020, укинато ограничувањето на гледачи на стадионите

Извршниот комитет на УЕФА донесе одлука за продолжување на важноста на правилото за пет замени и на натпреварите од Европското првенство ова лето, како и на последниот турнир во Лигата на нации.
Ова правило првично беше воведено по ширењето на пандемијата на коронавирусот и до денеска се применува и во квалификациите за СП 2022.

ИК на УЕФА денеска ја укина одлуката за укинување на ограничувањето на 30% пополнетост на стадионите, за кое беше одлучено во октомври минатата година. УЕФА им остава на локалните власти да одлучат за можните ограничувања, особено за Европското првенство во фудбал.

„Со оглед на тоа што секоја од 55-те федерации членки на УЕФА се соочува со пандемија на свој начин, таквото ограничување повеќе не е потребно“, објаснуваат од УЕФА.

Еуро 2020 требаше да се одржи минатата година, но поради пандемијата, турнирот беше одложен за ова лето. Планирано е Европското првенство 2020 година да се одржи од 11 јуни до 11 јули во 12 градови – Санкт Петербург, Лондон, Минхен, Баку, Рим, Букурешт, Копенхаген, Амстердам, Билбао, Глазгов, Будимпешта и Даблин.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести