14 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје: Промената на имињата на улиците е противзаконска, ќе биде укината по судски пат

Петре Шилегов направи противзаконска промена на имињата на улиците. Согласно Законот за именување на улици, мостови и инфраструктурни проекти ваква промена не е можна 6 месеци пред оддржување на избори и една година пред оддржување на попис. Со ова Шилегов брутално го прегази законот. Воедно ја наруши и процедурата на носење на измените, ниту пак е дадена согласност од општините која е неопходна согласно законот.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе поднесе иницијатива по судски пат да биде укината оваа противправна одлука на Шилегов.

Воедно оваа одлука на Шилегов знаци и минимум 100 евра нова давачка на компаниите чие име на адреса се менува согласно новите одлуки на Советот. Со тоа Шилегов во едни тешки услови на здравствена и економска криза наметнува нови давачки и арач за грѓаните.

Ова е недозволиво насилие кое нема да помине.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести